Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска при денешната посета на Куманово упати критики кон градоначалникот и локалната валст дека не преземаат никакви мерки за надминување на сообраќајниот хаос во градот.
На Градскиот плоштад денеска волонтери од невладината “ХЕРА“ собираа потписи за петицијата за воведување на сеопфатно сексуално образование во училиштата.
Амбасадорот на Црна Гора во Македонија, Душан Мрдовиќ, денеска престојуваше во прва официјална посета на Општина Куманово, при што се сретана со градоначалникот Зоран Дамјановски и разговараа за економската и културна соработка.
Директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнаџиева Змејкова, побара од матичните лекари да отворат ординации во руралните средини, бидејќи ќе имаат и одредени бенифиции.
З.П.(50) сопственик на фирмата и М.П.(55) одговорно лице во “Вис Про Инженеринг“ не обезбедиле соодветни услови за работа, поради што работник од струен удар се здобил со повреди на главата.
Невладината организација “ХЕРА„ утре во 11 часот на Градскиот плоштад ќе започне со собирање потписи за воведување на сеопфатно сексуално образование во училиштата.
Депресивноста, социјалната несигурност, бесперспективноста, егзистенцијалната криза се фактори кои доведуваат до пораст на самоубиствата во нашиот град.
Следната недела ќе започне лицитацијата на парцелите во зоната во Речица и кај касарната “Христијан Тодоровски - Карпош“ на која треба да никнат нови стопански субјекти.