ДПСМ бара да присуствува на координација на Совет Советниците на Демократската партија на Србите во Македонија, бараат да бидат дел од координативното тело, кое заседава пред секоја седница на Совет, бидејќи таму присуствувале и нивни колеги со помал број на освоени советнички места.
Спречен шверц на обувки 144 пара женски обувки со лого на трговската марка D&G, откриени се при контрола на камион пријавен за влез во државата, на граничниот премин Табановце автопат.
Конечно дожд во Куманово Вечерва заврна дожд во Куманово, по речиси два месеци суша. Дождот започна да паѓа околу 20 часот, проследен со умерен ветар, грмежи и електрични празнења.
ВМРО ја откажа трибината за Богдановски Се откажува најавената трибина на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМЕ, по повод годишнина од раѓање на Драган Богдановски, основачот на партијата.
Пијан возач удрил во бандера Ноќеска на раскрсницата на улиците „Моша Пијаде„ и „Октомвриска Револуција„, автомобил алфа-ромео со кумановски регистарски таблички, удрил во електричен столб при што едно лице е тешко повредно, а друго поминало со полесни повреди.
Учениците од Лопате појдоа на училиште Денеска започна наставата и за учениците Македонци од ОУ „Битолски конгрес„, во селото Лопате,, кои три дена ја бојкотираа, поради тоа што група ученици од албанска националност истепа нивни соученици.
Општините да ги објавуваат ревизорските извештаи Завршната конференција на проектот "Ресурси за одговорно, транспарентно и отчетно работење на единиците на локална самоуправа", денеска се одржа во Куманово.
Жртви на семејно насилство се главно сиромашни жени Околу 100 жртви на семејно насилство од регионот се јавиле на СОС телефонот на Женскиот центар во Куманово, како дел од проектот „Заедно против семејно насилство„ што се спроведуваше во изминатите 9 месеци.
Пензионерите ќе се возат бесплатно во четврток Околу 5000 пензионери од Куманово, наскоро, еден ден во неделата ќе добијат бесплатен превоз во градските автобуси. Тоа најверојатно ќе биде секој четврток, затоа што тогаш е пазарен ден во градот.
Oд утре редовна настава во училиштата Министерството за образование и наука информира дека од утре, во сите јавни основни и средни училишта во државата, наставата продолжува да се одвива редовно.
Пензионерите го славaт јубилејот Здружението на пензионерите Куманово денеска одржа свечена седница, по повод 65 гошниот јубилеј од постоењето. Во Младинскиот културен центар "Козјак", пред присутните зборуваше претседателот на здружението, Спирко Николовски.
Пожар беснее во Враготурце Над 70 пожари на отворен простор се регистрирани од почетокот на месецот септември во општините Куманово, Старо нагоричане и Липково. Од противпожарната единица Куманово велат дека во просек интервенираат од пет до осум пати, што е многу голема бројка за овој период од годината.
Во Лопате учениците Македонци не одат на школо Учениците Македонци од ОУ „Битолски конгерс„ во селото Лопате, денеска ја бојкотираа наставата, поради тоа што вчера биле истепани три нивни соученика, од ученици Албанци.
Пуштена во употреба фабриката Стил-кон Денеска беше пуштен во употерба новиот производствен погон за преработка на арматурно железо на компанијата Стил-кон во селото Младо Нагоричане.
Изгоре планинарскиот дом во селото Малотино Планинарскиот дом во селото Малотино и околу 15 објекти, главно куќи, плевни и помошни простории, изгореа во големиот пожат што веќе втор ден беснее на планината Козјак, на македонско-српската граница.
Жештината ги скрати часовите во училиштата Поради високите температури кои деновиве ја зафатија државата, следните три дена наставата во основните и средните училишта ќе се одвива до 12 часот.