Кривична за пиромани на викендичка Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.К. (25), У.З. (19), Ф.А. (28) и И.Р. (28), сите од Куманово, затоа што запалиле викендичка во селото Биљановце.
Општинатa си го бара Домот на пионерите Општината Куманово бара да и се врати зградата на поранешниот Дом на пионерите во Куманово, кој повеќе од 20 години пропаѓа поради нерешена сопственост.
Се пошумува Живкова карпа Ученици,полицајци, војници, советници, пратеници, министри и граѓани, денеска садеа дрвца во м.в. Живкова Карпа на потегот од воените магацини до населбата Пуковско.
Идризово нема комбиња за обвинетите Речиси цела година нема транспорт на обвинетите од затворот Идризово во основните судови во државата, поради тоа што немало доволно возила.
На Денот на дрвото ќе се сади на Живкова Карпа Утре во рамки на акцијата „Засади ја својата иднина„, во општината Куманово ќе се садат дрвца во м.в. Живкова Карпа, поточно на ридот над воените магацини над регионалниот пат за Свети Николе.
Штрајк на вработените во кумановска Македонија пат Вработените во кумановската секција на јавното претпријатие „Македонија пат„ денеска се приклучија на штрајкот на нивните колеги во Скопје, со барање да им се исплатат заостанатите плати за последните месеци.
Месарите го прославија Свети Ранѓeл Месарите од градот денеска го прославија верскиот празник Свети Архангел Михаил, кој се смета за заштитник на нивната професија.
Зголемен бројот на жртви во сообраќајки Во Куманово во првите 10 месеци од годината 9 лица го загубиле животот во сообраќајни несреќи.
Зимската служба подготвена за првиот снег Општината Куманово подготвно ќе ги дочека промените на времето и првиот снег.
Гимназијалците најдобри во регион по противпожарна заштита Екипата на гимназијата „Гоце Делчев„ победи во категоријата средношколци на регионалниот натпревар за противпожарна заштита што денеска се одржа во Кратово.
Промовиран филм за жената и традицијата Денеска беше промовиран проектот „Традиција, пречка за остварување на правата на младите жени„ што го реализираа невладините организации Коло на српските сестри, Мајка, Кумановка и Сирма.
Саем на креативноста на учениците во „Крсте Мисирков„ Во основното училиште „Крсте Мисирков„, по повод патрониот празник денеска се оганизираше, манифестацијата Саем на креативноста.
Додека кризата вришти, проектите ќе ќутат Советниците на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната седница ја обвинија локалната администрација дека подготвува нереални програми за развој на градот, кои подоцна не може да ги реализира поради немање пари.
Изложба Кумановски графичари 2011 Вечерва во 20 часот во Изложбениот салон на Националната установа Центар за култура “ Трајко Прокопиев “ - Куманово ќе биде отворена биеналната изложба на графики - “Кумановски графичари 2011“.
Кумановци даваат поддршка на Манифестот на Македониумот Кумановци можат да дадат подршка на "Манифестот на Македониумот", иницијативата за собирање потписи која ја покрена група македонски спортисти и уметници, а како реакција поради изоставувањето на придавката „македонски“ во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија.
Регистрација на земјоделците во тек Управата за јавни приходи организира обуки на земјоделците, каде ќе им ја објаснат постапката како да се регистрираат и да поднесат барање за паушално одданочување.