Североисточниот регион ќе се развива по словенечко искуство Градоначалниците на Куманово, Крива Паланка, Кратово,Ранковце, Липково, Старо Нагоричане и претставници од Центарот за развој на североисточниот плански регион се вратија со позитивни искуства од работна посета од регионот Литија од Словенија.
Јаневиќ: ЛДП ќе биде дел од идната влада Шест кумановци влегоа во највисоките партиски тела на ЛДП на вчерашното Собрание што се одржа во Скопје.
Кумановка победи на Пивтијада во Војводина Филимена Василевска од Куманово го освои првото место на Меѓународниот натпревар "Руменичка Пивтијада", која се одржува во Војводина, Р.Србија.
ВАШИ ПИСМА: ВМРО-ДПМНЕ вработува исклучиво свои луѓе Нашето обраќање до Вашиот весник е во знак на револт, бидејќи сме испровоцирани од обраќањето на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ до кумановската јавност во кое ја отфрлаат партиската вмешаност во вработувањата во државната и јавната администрација.
СДСМ со крводарителска акција Во просториите на општинската организација на СДСМ утре ќе се одржи крводарителска акција по повод Денот на крводарители. Акцијата ќе трае од 13 до 17 часот, а можат да се вклучат сите граѓани.
Трибина за проширување на ЕУ Секторот за евроинтеграции и меѓународна соработка во Општина Куманово, утре организира презентација на политиката на проширување на Европската Унија и извештајот за напредок 2010 на Европската Комисија.
Грабеж во продавница на „Елида„ Маскиран и вооружен разбојник завчера попладне ограбил продавница во центарот на Куманово, при што од касата одзел 15 000 денари.
Грипот попушта-нема заболени од свински грип Стивнува грипот во Куманово, велат од Центарот за јавно здравје. Последнава недела регтистрирани се двојно помалку болни во однос на минатиот месец.
ВАЦ ќе отпушта новинари Германски ВАЦ најави редуцирање на бројот на вработените и за згаснување на Утрински весник.
„Тесното грло„ на добиточниот пазар мора да се прошири Во расправата по извештајот и програмата за работа на ЈП „Пазаришта„ на седницата на Советот на Општината се разгоре долга дискусија за потребата од средување на хаотичните состојби на Добиточниот пазар во Долно Којнаре.
ВМРО-ДПМНЕ отфрла партиска вмешаност во вработувањата За сите работни места кои беа наброени од страна на СДСМ на нивната прес-конференција е распишан јавен оглас и е извршена селекција на најстручните кандидати, кои ги исполнуваат предвидените законски услови. При секое вработување е запазена целокупната законската постапка.
Разрешен советникот Глигор Манов Глигор Манов од ВМРО-ДПМНЕ, повеќе не е советник во Советот на Општината Куманово, откако минатата седница си поднесе оставка заради неспоивост на функции.
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги уназадува институциите со партиски војници Од СДСМ денеска на прес конференција ја обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека вработува партиски луѓе, додека ја замајува јавноста со дезинформации за нивната кадрова политика.
Зголемена наплата на вода Во првите два месеци од годината, зголемена е наплатата на водата. Според информациите од Јавното претпријатие "Водовод" таа изнесува 65 насто, или 10 проценти повеќе во однос на лани.
Премиера на младинска претстава „Садистички умови„ Утре вечер во Народниот театар премиерно ќе биде изведена претставата „Садистички умови„ на текст и режија на Милош Димковски. Во претставата играат десеттина ученици од гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово.
Поскапе лебот и јогуртот Од денеска во продавниците во Куманово лебот се продава по повисоки цени од 2 до 7 денари во зависност од производителот.