Промовирана стратегијата за образование Секторот за образование од општина Куманово денеска пред претставниците од училиштата, невладините организации и локалната власт ја презентираше Стратегијата за развој на образованието за периодот од 2011 до 2016 година.
Истекува рокот за поднесување на Годишни даночни пријави Бидејќи остануваат уште неколку дена за поднесување на Годишната даночнапријава, а треба да бидат поднесени над 100 илјади даночни пријави, од УЈП апелираат граѓаните да не го чекаат последниот рок - 15 март.
Илирика обезбедува финасиска сигурност за целото семејство Порано или подоцна ќе дојде моментот кога ќе мора да размислиме за сите клучни финансиски прашања во животот како што е пензионирање, школување на деца, купување стан, куќа итн.
Рубриката „Понашки“ инспирација за театарска комедија Во Народниот Театар Куманово синоќа премиерно беше изведена комедијата “Human Choice” (Човеков избор), од волонтерите на општинската организација на Црвениот Крст Куманово.
СДСМ со празничен коктел за своите члeнки Општинската организација на СДСМ денеска организираше коктел за своите членки и пријателки, по повод 8 март.Празникот на своите сопартијки и сограѓанки им го честиташе претседателката Снежана Захариева, која им посака многу успех.
Подароци за жените во Домот за стари Делегација на Клубот на жените од Општинската организација на СДСМ денес организираше едночасовна посета и дружење со жените во Домот за стари лица ,,Зафи Сајто‘‘.
Цвеќе за пациентките на гинекологија Пратеничката Дарка Петрушевска и советничката Слаѓана Георгиевска, со членките на Комисијата за родова еднаквост во ВМРО-ДПМЕ, по повод празникот на жената однесоа цвеќе на пациентките на гинеколошко-акушерското одделение во Општата болница Куманово.
Партиите организирано за 8 март Двете најголеми партии СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ, денеска ќе организираат повеќе активности по повод 8 март, Денот на жената.
Економското училиште ќе се грее на гас Економското училиште „Перо Наков„ и новата училишна спортска сала се следните јавни установи што ќе се гасифицираат.
Како до парите за земјоделие од ИПАРД-Фондовите ? Земјоделци, претседатели на месни заедници и претставници на локалната самоуправа и на невладиниот сектор денеска во просториите на поранешен Општински комитет имаа можност да се едуцираат како по најбрз пат да доаѓаат до средствата од ИПАРД-фондовите што за Македонија се обезбедуваат од Европската унија.
Честитка од Клубот на жени на СДСМ Клубот на жени при Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз - Куманово во пресрет на утрешниот празник го честиташе меѓународниот Ден на жените 8 март, со желба за успешна работа и просперитет во сите домени од нивната активност.
Платите и пензиите каскаат зад цените Главнa секирација на народот последниве денови се цените на струјата, лебот, зејтинот, шеќерот, месото, млекото, јајцата...
Соработка на младите на ДПСМ и ДПС Делегација на младите на Демократската партија на Србите во Македонија присуствуваше на десетото редовно собрание на младите на Демократската партија на Србија во Белград.
Премиера на претставата “Human Choice” Во Народниот Театар Куманово вечерва премиерно ќе биде изведена претставата “Human Choice” (Човеков избор), од волонтерите на општинската организација на Црвениот Крст Куманово.
Изложба на икебани од Димитар Насковски Митко Во Изложбениот салон на Центар за култура "Трајко Прокопиев" - Куманово, вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложба на икебани од Димитар Насковски Митко. Оваа изложба е осма по ред во циклусот "Македонски корени".
Пијан кумановец нападнал полицаец Зоран Т. (26) истепал полицаец од единицата за брза интервенција Алфи, затоа што во текот на вечерта го привел.