Премиера на „Ѕвонарот на богородичната црква во Париз„ Во четврток во 20 часот во Центарот за култура, премиерно ќе биде изведена претставата „Ѕвонарот на богородичната црква во Париз„ од Виктор Иго, во изведба на независна група средноколци од Куманово. Режијата, сценографијата и костимографија се на Чедомир Митевски.
Гости на фајронт нападнале кафанџија Благе П. (39), сопственик на ресторанот „Мила„, заработил скршеница на раката од двајца гости, затоа што објавил фајронт во локалот.
„Пелинска„ - хорор улица Улицата „Пелинска„ е сокачето во должина од околу 200 метри од пред влезот на 11-катницата на ФЗЦ,„11 Октомври„ до излезот на „Октомвриска револуција„ кај „Табакана„.
Старо Нагоричино се претстави на саем во Белград Општина Старо Нагоричане учествуваше на меѓународниот саем за туризам во Белград кој се одржа од 24 до 27 февруари годинава.
Поп-Арсов ги посети семејствата на заглавените во Либија Пратеникот Петар Поп-Арсов, вчера во населбата Иго Тричковиќ се сретна со семејствата на работниците кои останаа во либискиот град Бенгази, за да им соопшти до каде е постапката за нивно враќање.
Поранешен директор на Шумско злоупотребил функција СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.С. (60) од с.Оризаре-Куманово, поранешен директор на подружница ШС „Куманово“ за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Седница на градоначалниците од Североисточниот плански регион Совет за развој на Североисточниот плански регион утре ќе одржи седница на која ќе присуствуваат градоначалниците од Куманово, Крива Паланка, Липково, Старо Нагоричене, Кратово и Ранковце.
Младите на ДПСМ на Бели Двор Делегација на младите на Демократската партија на Србите во Македонија, присуствуваше на прием во Бели Двор, Белград на славата на здружението "Кралство Србија".
Казнет полицаец што давал изјава за медиуми Г.А. од Скопје, вработен како помлад инспектор за општ криминалитет во Одделението за организиран криминал во Сектор за внатрешни работи Куманово, е казнет затоа што дал изјава за една телевизија.
Религиозните различности во насока на заедништво Работна група составена од преставници на повеќе вери и религии, на граѓанскиот сектор, советници и културни и јавни работници и новинари денеска обиколија верски објекти на три религии кои функционираат на подрачјето на Општината Куманово и се запознаа со делови од суштината на религиското верување во Бога во светот и кај нас.
Централниот регистар со продолжено работно време Регионалната регистрациона канцеларија Куманово, ги вклучи сите расположиви човечки ресурси за непречен прием на годишните сметки, брза и квалитетна услуга и избегнување на гужвите за прием на годишните сметки.
Реизбран началникот на СВР Куманово Љубомир Ѓурчески ќе раководи со Кумановската полиција и во наредниот период. Началникот е реизбран на функцијата на интерен конкурс на МВР со мандат од 4 години.
На приредба претставени културите на зaедниците Проектот “Мултиетничка заедница-граѓани со еднакви права, можности и заштита“ е дел од заедничка програма на Обединетите Нации “ Подобрување на меѓуетничкиот дијалог за соработка меѓу заедниците “ кој е поддржан од УНДП –канцеларија во Скопје.
Кумановци во Либија останале без пари Неизвесно е кога триесетината кумановци заглавени во Бенгази во Либија ќе се вратат дома, бидејќи немаат пари ниту директен контакт со македонските власти.
Семејствата на заробените во Либија да пријават во Општината По информацијата дека 39 кумановци се заробени во Либија, градоначалникот Зоран Дамјановски ги повикува нивните семејства да пријават во Општината за да се помогне за нивно враќање во земјата.
Пријава за разбојникот во бутикот за долна облека Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Игор.А. (33) од с.Режановце, под сомнение дека извршил разбојништво врз продавачката на долна облека во бутикот „Ивани-Фешн„.