Водокорисниците да го платат заостанатиот долг Водостопанство „Кумановско Липковско поле„ достави 1792 решенија на водокорисници кои не го измириле или делумно го измириле долгот за 2009 година.
Обединетата српска заедница се поклони на Свети Сава Со приредба на учениците од основното училиште „Браќа Рибар„ и „Вук Караџиќ„ беше прославен празникот Свети Сава што го организираше Обединетата српска заедница во Македонија, регионален одбор Куманово.
Последен ден за откуп на дворно земјиште Денес истекува рокот за откуп на дворното земјиште.На една од наредните седници, Владата ќе донесе одлука дали да го продолжи рокот за откуп на дворно земјиште.
Сејдиу осуден на 12 години затвор Бајруш Сејдиу доби затворска казна од 12 години за кривично дело „перење пари и насилство“, за случајот „Пепел 2“, откако со уште 13 лица беа обвинети за малверзации во и стечајните постапки во „КЕН“, „Жито мел“, „Искра инженеринг“ и ЗИК „Сточарство“.
Советниците гласаа по електронски пат Од денеска стартувавме со оваа новина, електорнско гласање и се надевам дека во иднина ќе го надополниме и надоградиме овој систем.
ДПСМ организира Светосавска академија Во Народниот театар Куманово утре во 12 часот ќе се одржи Светосавска академија, како дел од програмата што ја организира Министерството за култура по повод националниот празник на Србите во Македонија.
Градоначалникот да ја „построи„ администрацијата Повеќе од два часа потрошија советниците на денешната 39-седница, по првата точка на дневен ред - Извештајот за реализација на Програмата за работа на Советот на Општината Куманово за минатата година.
Во пајаковата мрежа паднаа првите автомобили Kumanovonews вчера предпладне регистрираше една интервенција на автобуската постројка пред Основниот суд, кога беше подигната шкода фабија.
Водостопанство успешно ги организира водните заедници Водостопанство „Кумановско Липковско поле„ по успешно завршената обврска, обука за финасиско и организациско работење на водните заедници, доби резервни делови во висина 825 илјади денари.
Зголемен интерес за откуп на дворно место Во Одделение за имотно-правни работи во Куманово досега барања за откуп на дворните места имаат поднесено 9 150 граѓани. Од нив 8 752 барања се поднесени до 31.12.2010 година, а во последниве дваедетина дена над 500 барања.
Семафорот „трепка„ од ушка на менка Речиси цела недела не работи семафорот на главната раскрсница во строгиот центар на градот. Учесниците во сообраќајот речиси и не се израдуваа на новите семафори, а тие почнаа да забушаваат и да не ја вршат својата функција.
Српската заедница ќе го прослави „Свети Сава„ Обединетата српска заедница во Македонија, во соработка со основните училишта „Браќа Рибар„ и „Вук Караџиќ„ по повод Свети Сава организира прослава на националниот празник на Србите.
Панихида за роденденот на Тоше Во црквата „Свети Никола„ утринава се одржа панихида по повод 30 роденден на Тоше Проески, на иницијатива на Здружението на граѓани „Коледари„.
Обука за проектен менаџмент и ЕУ фондови Викендов во Центар за меѓукултурен дијалог се одржа обука за Проектен менаџмент и ЕУ фондови. .
Триесет и деветa седница на Совет Седницата ќе се одржи утре во кружната сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, со почеток во 10 часот.
Министерката со пофалби за СВР Куманово Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денеска беше во редовната годишна посета на СВР Куманово.