Живот како пред сто години Куќарките во кои живеат неколку семејства се од пред сто и повеќе години, градени од камен и плитари во одамна надминати услови за живеење.
Јанкуловска во Куманово Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, денеска ќе го посети Секторот за внатрешни работи Куманово.
Крводарителска акција за роденденот на Тоше Здружението на граѓани „Коледари„ во соработка со општинскиот Црвен крст и Заводот за трансфузиологија во вторник на 25 јануари, по повод роденденот на Тоше Проевски организира крводарителаска акција.
Магла на патот кај Павлешенце Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата утринава се одвива тековно и без забрани, но во зимски услови по влажни коловози поради врнежи од дожд на пониските места и врнежи од снег на повисоките планински превои, кои не претставуваат проблем во сообраќајот.
Куманово под снег Снегот што го најавија метеоролозите ноќеска падна во градот.Формирана е снежна покривка од неколку сантиметри, која поради благото време почна да се топи.
Пајакот во акција Специјалното возилото ќе ги подига и отстрануваа непрописно паркираните автомобили кои го попречуваат и сериозно го загрозуваат непреченото одвивање на сообраќајот, како и хаварисаните возила.
Протести на работниците од винаријата „Кокинo„ Триесеттина работници од Винаријата „Кокино„ Романовце, работна единица на поранешен ЗИК, денеска излегоа пред Судот во очекување на стечајна судијка од Скопје.
Како да се плати таксата на МТВ ? Во Дописниот центар во Куманово секојдневно доаѓаат граѓани загрижени како да ја платат таксата за Македонската радиотелевизија и прашуваат за поединостите околу плаќањето на оваа јавна давачка.
Отпочна изградбата на спортската сала во Липково Министерот за образование Никола Тодоров денеска присуствуваше на поставување на камен темелникот на нова училишна спортска сала во селото Липково.Салата е со површина од 650 метри квадратни и ќе чини 23 милиони денари.
Захариева: Право на работа имаат и членовите на нашите семејства Претседателката на СДСМ Снежана Захариева денеска на прес-конференција одговори на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека во општинските претпријатија се вработуваат само партиски кадри и роднини.
Се одржа годинешната „Пивтијада„ Пивтијата во вид на роза е прогласена за најдобро подготвената пивтија на деветтата по ред манифестација што ја организира Мултимедијалниот центар Карпино во чест на празникот Богојавление- Водици.
Во базенот на ФЗЦ Сашо го фати светиот крст Сашо Лазаревски(25) од населбата Гоце Делчев, го фати светиот крст фрлен во водите на базенот на Ловечкиот дом во Куманово. Сашо има единствена желба оваа година да се вработи, а крстот го фаќа по трет пат.
Во „Св.Никола„ Милош најсреќен Студентот Милош Стошиќ (20) го фати крстот и беше најсреќен од триесетината момчиња што скокаа во базенот на осветените води во црквата „Свети Никола„.На Милош ова му е првпат да скока по крстот за Водици.
Во „Св. Троица„ Александар - по трет пат! Крстот во осветената вода во базенот пред Црквата Св.Троица, со божја умисла се најде во рацете на 27-годишниот Александар Маневски, сопственик на приватна фирма. По крстот во ладната вода пред црквата скокаа 10 млади момчиња.
Пронајдени парите украдени од менувачницата „Дај-Дам„ Како што неофицијално дознава kumanovonews, парите биле пронајдени во куќа во близина на Градската болница.
Дамјановски отфрла непотизам во СДСМ Градоначалникот Зоран Дамјановски, денеска ги отфрли изнесените тврдења од ВМРО-ДПМНЕ дека во општината Куманово има непотизам, и се вработуваат само партиски кадри по роднински врски.