Отворена изложба на скулптури на Анета Божинова Во Уметничката галерија во Куманово, завчера вечер биде отворена изложбата на скулптури „Круг како езотеричен сегмент„ на Анета Божинова од Скопје.
Шверцувал дихтонзи за машини 116 гумени дихтонзи за машини за млечна индустрија, откриени при контрола на српско патничко моторно возило на граничниот премин табановце.
Се сопнал на скеле и смртно страдал Ласте Богатиновски (52) од кумановската населба Пуковско, вчера загинал по пад од скеле, додека работел на зградата на Основното јавно обвинителство во Скопје.
Еколошко образование во кумановските училишта Претставници на воспитно-образовните институции од Општината и Здружението за едукација консалтинг и комуникација ОХО, денеска во ОУ "Толи Зордумис", потпишаа Меморандум за соработка на програмата "Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем".
ВМРО-ДПМНЕ обвинува за опструкции на салата во Којнаре ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција го обвини градоначалникот Зоран Дамјановски и СДСМ дека не дозволуваат да се предаде во употреба спортската сала во земјоделското училиште „Киро Бурназ„.
Вандали го оштетиле споменикот во Куманово Непознати сторители демолирале дел од Спомен костурницата на паднатите борци во Куманово.
Домот на АРМ ќе стане Архив Во Домот на АРМ во Куманово ќе се сместат Државниот архив и Министерството за земјоделство. Одлуката на Владата за трајно користење на домот била донесена на 12 април годинава,а во петокот и официјално било извршено примопредавање на објектот од трите институции.
ВМРО-ДПМНЕ не положи цвеќе на жртвите на фашизмот Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска немаше делегација на положувањето на цвеќе на Спомен костурницата во Куманово, по повод Денот на победата на фашизмот.
Цвеќе и за загинатите српски пилоти По повод 9 Мај, Денот на победата над фашизмот, на споменикот на Авијатичарите во Долно којнаре, цвеќе положија делегации на политички партии и здруженија на граѓани на Србите во Македонија.
Денот на победата над фашизмот свечено одбележан На Спомен-костурницата на паднатите борци од НОБ, денеска се одбележа 9-ти мај, Денот на победата над фашизмот.
Се степал со алфи, не го пуштиле да моча на Плоштад Пијан кумановец натепал полицајец затоа што не му дозволил да уринира на споменикот на „Батко Ѓорѓија„ во Куманово.
Богата културна програма за Денот на Европа Со низа свечености и манифестации ќе се одбележи Денот на Европа и Денот на победа над фашизмот, во Куманово.
Земјотрес се почувствува и во Куманово Земјотрес со јачина помеѓу 3,4 степени според Рихтеровата скала почувствуван е денеска околу 11.47 часот во Скопје и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Партијата на Филип Петровски со три каднидати од Куманово ,,Не носиме одлуки без вас‘‘ - гласи една од пораките до граѓаните во изборната програма на Демократската десница на Филип Петровски со која оваа неодамна формирана партија оди самостојно на претстојните избори на 5 јуни.
Ќе се формира кластер во чевларството Секторот за локален економски развој, денеска во Куманово организираше трибина со преставниците на бизнис заедницата пред кои ги презентираше концептот на организирање и функционирање на кластерите.
Техничкото училиште домаќин на државен натпревар по математика Во техничкото училиште „Наце Буѓони„ денеска и утре се одржува триесетиот Државен натпревар по математика на учениците од електро, машинските и сообраќајни училишта во државата.