Дрво падна на корса Багрем висок десетина метри денеска напладне падна и поклопи паркиран автомобил пред Пензионерскиот дом во Куманово. Никој од минувачите и сопствениците на околкните дуќани не е повреден.
Продолжува штрајкот во „Житомел„ Вработените во „Житомел„ и денеска штрајкуваа во кругот на фабриката и не дозволија да се произведува леб. Тие бараат газдата да им ги исплати заостанатите плати и да ги повлече отказните решенија што деновиве ги поделил.
Застана градбата на „Лукоил„ Причина е што изведувачот на работите „Арс Проект„ не обезбедил сообраќајна согласност за градба, поради што добиле пријава за кршење по Законот за сообраќај.
Старо Нагоричане и Лесковац економски ќе соработуваат Најмногу се разговарало за развој на производството на здрава храна и заштита на животната средина. Еден од приоритетите за соработка на двете општини е регулација на реката Пчиња.
Гужви на Табановце На граничниот премин Табановце зголемен е бројот на возила кои се движат кон Грција. На преминотот за влез и излез од државата се чека над 30 минути.
„Житомел„ во штрајк-Куманово без леб Вработените во најголемото мелничко-пекарско претпријатите „Житомел„ во Куманово, четири дена и ноќи штрајкуваат во работните простории, незадоволни што од февруари не земале плата, а новиот газда не ги исполнува преземените обврски.
Црвен крст дели вода на граѓаните Волонтери на Црвениот крст деновиве на неколку пунктови во градот делеа вода за пиење на локалното население во најтоплиот период од денот.
Затворот во Кшање ќе се доградува догодина Во Затворот во Кшање, изградбата на потребните објекти ќе започне наредната година со сретства од Банката за развој на Советот на Европа.
Шампонџиите на Батко се издадоа По објавувањето на информацијата дека непознати сторители во градската фонтана истуриле шампон, поради што Батко Ѓорѓија се капе во пена, сторителите се открија сами.
Реализирана вонредна крводарителска акција Голем е одзивот на граѓани на крводарителската акција што ја организира Општинскиот црвен крст во центарот за култура во Куманово.
Семејното насилство повеќе не се крие Во Центрот за социјални работи во Куманово во првата половина од годинава има поднесено над 40 пријави за семејно насилство од кои две се однесуваат за насилство врз мажите.
Затворот во Кшање без затвореници Празен и без затвореници е Затворот во кумановското село К`шање, кој уште пред една година требаше да ги прими првите станари. Новата казнено поправна установа се уште ја нема својата функција,поради тоа што не се изградени пропратните објекти.
Јавните установи ќе се грејат на гас Директорите на јавните претпријатија и установи вчера се сретнаа со претставниците на ЈП „Кумановогас„ и одржаа договорен состанок во врска со понатамошните активност за гасификација на нивните објекти. На состанокот присуствуваше и градоначалникот Зоран Дамјановски.
Таксистите формираа синдикат Околу 200 таксисти ќе членуваат во новиот такси синдикат што ќе се организира во рамките на Регионалниот синдикален совет во Куманово. Во синдикатот за почеток ќе се зачленат 7 здруженија од вкупно 11 колку се регистрирани на територијата на Општина Куманово.
Бескуќник талка по течението на Пчиња Искинат, валкан, необричен и зараснат во коса, Мирко од Гулиновац е бескуќник кој секојдневно талка во селата по течението на реката Пчиња во Општина Старо Нагоричане.
Во Куманово зголемен бројот на заразни заболувања Според лекарите причина за овие заболувања најчесто се вируси и бактерии, загадена храна и вода и нечисти раце. За да се размножуваат бактериите допринесува топлото време и високите температури.