Водата од Проевце не смее да се пие наместо обичната вода Водата од јавните чешми во населба Проевце е микробиолошки исправна, но таа не смее да се пие наместо обичната вода, препорачуваат од Центарот за јавно здравје Куманово.
Останаа слободни места во сите средни училишта По првото пријавување од првиот уписен рок, во сите средни училишта во Куманово има слободни места.
Ќе излезе од печат “Млатеење празни ѕвезди“ на Давор Крстевски Кумановецот Давор Крстевски победи на конкурсот за необјавена збирка на Дата песнопој од Битола, и наскоро треба да излезе од печат неговата прва стихозбирка “Млатеење празни ѕвезди“.
“Лајонс клубот“ обезбеди помош за 4 семејства По 8.000 денари вчера добија четири кумановски семејста, од Лајонс клубот. Средствата се собрани на манифестацијата „Чваркаријада“, која е само една од повеќето активности кои ги организираат членовите на ова здружение за помош на ранливите категории на граѓани.
Борците ќе го одбележат излегувањето на првите партизани во кумановско Членовите на Сојузот на борците од Куманово во петок во девет часот, ќе положат цвеќе кај Спортската сала и во населба Бедиње, на местота од каде што излегле првите партизани и каде е формирано јадрото на кумановскиот партизански одред.
Кумановски камион прегази жена во Краљево Македонски државјанин кој управувал камион со кумановски регистарски таблички, вчера прегазил жена во Краљево, Србија.
“Брачна игра“ и “Мајка Храброст“ на репертоар во театарот Претставите “Брачна игра“ и “Мајка Храброст“ повторно се на репертоарот на Театар Куманово.
Полицијата организира трибина за безбедно лето Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ вечерва во 18 часот, ќе се одржи трибина со родители за безбедно лето, во организација на отсек за превенција при СВР Куманово.
370 слободни места на Факултетот за бизнис администрација На Факултетот за бизнис администрација во Куманово, при Државниот универзитет Тетово има 370 слободни места за упис на студенти во прва година во академската 2015/2016 година.
Прилепска комедија ќе се прикажува во Куманово Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ вечерва во 20 часот, ќе биде прикажана прилепската филмска комедија “”Три варијации на една тема”.
Да се пријават фирми за обучување на кандидати Фирмите кои сакаат да обучуваат кандидати за професионални вештини, можат да се пријават во соба бр.20 во Центар за вработување Куманово.
Децата од месните заедници се запознаваат со работата на полицијата Децата организирани на ниво на месни заедници се запознаваат со работата на полицијата.
Градинката ја одбележува Европската зелена недела Градинката „Ангел Шајче“ со низа еко активности денеска почна да ја одбележува Европската зелена недела.
Чавков: Не сме имуни на тероризам Министерот за внатрешни работи Митко Чавков, при денешната посета на месна заедница Тоде Мендол, истакна дека тероризмот е закана не само за Македонија и регионот, туку и на глобално ниво и затоа треба да се преземат мерки.
Парични казни за полицајци од Табановце Изминатава недела поведени се дисциплински постапки и казнети се двајца полицајци од граничниот премин Табановце.