Мени

Бекам доби награда за животно дело

20.12.2010 17:54 | KumanovoNews

Англискиот фудбалер Дејвид Бекам не можеше да ги скрие своите емоции и со насолзени очи се заблагодари за наградата за животно која му ја додели најголемата ТВ куќа во светот, британската Би-Би-Си

 
Бекам доби награда за животно дело

 Ниту неговата сопруга Викторија Бекам не можеше да се воздржи и да не заплаче за време на емоционалниот говор на Дејвид, кој поранешната пејачка на „Спајс грлс“ го следеше од публика заедно со синовите Бруклин, Ромео и Круз, како и Сандра, мајката на Дејвид.

Дејвид со насолзени очи се заблагодари на Викторија и своите синови за поддршката низ годините од неговата успешна кариера.

Секако, сакам да се заблагодарам на својата сопруга и децата. Не само што ми подари три сина, туку и беше моја поддршка и инспирација секој ден. Викторија, Бруклин, Ромео и Круз ви благорадам, изјави Бекам.

Наградата му ја врачи Гери Линкер, а Сер Боби Чарлтон му честита нагласувајќи дека тој е многу пријатна личност и добар човек и дека го заслужува се она што за него е кажано.

Бекам се заблагодари и на своите тимски колеги што ги смета за многу заслужни за својот успех.- Имав среќа да играм во некои од најголемите клубови на денешницата. Играњето за репрезентацијата претставува еден од најголемите успеси во мојата кариера, меѓу другото изјави Дејвид.