Бијонсе и Лејди Гага не се трпат
16.03.2011 15:23
| KumanovoNews
Бијонсе и објави војна на својата колешка Лејди Гага, објави американскиот таблиод „Нешенел енквајер“.

Пејачките заедно го снимија хитот „Телефон“, а сега меѓусебно се обвинуваат.
- Лејди Гага е вулгарен егоист, изјави Бијонсе, додавајќи дека не сака никаков контакт со екцентричната ѕвезда.
Бијонсе по повод појавувањето на Лејди Гага во јајце на Греми наградите истакна дека таа „постојано бара да биде во центарот на вниманието“.
- Сето тоа е поради љубомора. Бијонсе не може да го поднесе експресниот успех на својата ривалка, наведува таблоидот, додавајќи дека Лејди Гага ќе бара јавно извинување.