×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Детелинка„ во петок

    07.07.2010 07:20 | KumanovoNews

     Фестивалот за деца „Детелинка„ ќе се одржи во петок на Градскиот  плоштад. Организаторите го презакажаа фестивалчето, откако пред десетина дена неговото одржување го попречија лошите временски услови.

    „Детелинка„ во петок

     По откажувањето, почекавме времето да се стабилизира и ги направивме сите подготовки за фестивалчето што ќе биде едно посебно доживување за децата. Овој фестивал досега се одржал 5 пати и по пауза од 4 години, годинава повторно го обновуваме. На фестивалот ќе настапат 22 дечиња од Куманово, кои ќе пеат песнички на македонски, албански, српски, влашки  и ромски јазик.Покрај настапувачите, ќе има и хорче, балетска група и затоа ги повикувам сите дечиња од градот и нивните родители да дојдат што помасовно-вели Жика Крстевски, раководител на секторот за култура.

    Фестивалот е од ревијален карактер,го организира здружението на граѓани „ЛУК„, а покровител е градоначалникот и Советот на Општината Куманово.И овој настан е дел од Кумановското културно лето.

     Почетокот е закажан во 20.30 часот.