01. 04. 2010 13:06

Ди-џеј Дарко го прослави роденденот

Ди-џеј Дарко го прослави роденденот

Кумановскиот ди-џеј Дарко Петковски, кој подолго време работи во ноќниот клуб Линка, во саботата го прослави својот 22-ри роденден. Со своето семејство прославата ја започнал во неговиот дом во Куманово, потоа со пријателите продолжиле во ноќниот клуб 69 во Скопје.

Таму му било приредено незаборавно изненадување од неговата девојка Катерина, танчерка на hip-hop попозната по учеството во спотовите на неколку македонски музичари како што се Некстајм, Роџерс Брадерс и др.

-Никогаш нема да го заборавам овој роденден пред се затоа што го поминав со оние што ги сакам, а потоа и поради изненадувањето што ми го направи Катерина со пријателите. Добив прекрасни подароци се беше убаво организирано и незаборавно - рече Дарко.

Тој е студент на трета година на факултетот за физичка култура во Скопје,а активно се занимава со спорт уште од мал. Доказ за тоа е освоеното прво место во гимнастика во сите дисциплини во јуниори.

Спортувањето ми е хоби, рекреативно тренирам кошарка, а за да бидам во добра форма од неодамна направив теретана дома, за да го користам слободното време порационално. Всушност го сакам здравиот начин на живот, внимавам и на исхраната, иако понекогаш слатките ми се слаба страна-ни открива Дарко.

Тој како Ди-џеј работи повеќе од две години низ клубовите во Куманово и Скопје. Преферира да пушта хип-хоп, рнб и се што смета дека сака публиката. Оние што биле на неговите журки,со задоволство се враќаат повторно да бидат дел од забавите.

Ди-џеј Дарко го прослави роденденот

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk