08. 02. 2010 14:47

Џастин маж на годината на Харвард

Џастин маж на годината на Харвард

На пејачот Џастин Тимберлејк студентите од Харвард му врачија награда за маж на годината. Традиционалната церемонија „Hasty pudding“ всушност претставува  исмејување на почесниот гостин.

Тоа и го направија студентите кога на Тимберлејк му ставија перика, а на бина ја донесоа неговата прва љубов Бритни Спирс.

Наградата за жена и маж на годината скоро 40 години ја доделува драмската секција на Универзитетот.

Наградата пред Џастин ја добиле Брус Вилис, Том Хенкс, Робин Вилијамс и многу други.

Пејачот наскоро ќе заигра во филмот  „Социјална мрежа“ филмот ќе се снима на Харвард.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk