Џулија Робертс како злобна кралица
09.02.2011 20:54
| KumanovoNews
Глумицата Џулија Робертс потпишала договор за улога на злобна кралица во филм на Браќата Грим, „Снежана„, која во режија на Тарсем Синг, ќе биде заснована по познатата бајка.

Снимањето би требало да почне во април, така да во американските кина ќе стигне до крајот на јуни 2012 година. Во оваа верзија на филмот, Снежана и седумте џуџиња планираат да и се осветат на злобната маќеа за убиството на таткото на Снежана. Инаку паралелно се подготвува и филм за злобната маќеа, а дека тие не се тоа што некогаш биле, зборува и тоа што главната негативка ја игра Шерил Терон.