Мени

Гоце и Милица на Градскиот плоштад за Св.Спиридон

23.12.2010 10:03 | KumanovoNews

 Македонските фолк пејачи Гоце Арнаудов и  Милица Кузмановска со дувачкиот оркестар Дурмишеви и  солистот Филип Стојановиќ на труба, утр вечер ќе пејат на Градскиот плоштад во Куманово по повод празникот на занетчиите Свети Спиридон.

Гоце и Милица на Градскиот плоштад за Св.Спиридон

 Оваа година за првпат организираме ваква манифестација која сакаме да прерасне во традиција за прославување на денот на чевларите и сите други знаетчии кои работат во градот.Затоа ги повикуваме граѓаните да се вклучат во одбележувањето на празникот со организирана програма- вели Нино Величковски, директор на Фондацијата за култура и спорт.

Манифестацијата ја организира градоначалникот и Советот на Општината како подарок на големиот број на вработени во чевларската индустрија и останатите занати.