Годишен концерт на Кумановски тамбураши
Кумановски тамбураши вечерва во Младинскиот културен центар во Куманово ќе одржат годишен концерт. Специјални гости на концертот ќе бидат оперскиот пејач Борис Трајанов и Маргица Антевска.

Традиционално трета година по ред Кумановски тамбураши одржуваат пред новогодишен концерт за своите сограѓани, и на тој начин им се одолжуваат за целогодишната подршка што ни ја даваат.Програмата што ја подготвивме е коложна со наши песни, нови и стари хитови, како и изворни македонски бисери кои се дел од нашиот репертоар. Ќе имаме и специјално изненадување за публиката со заеднички настап со нашите гости маестро Борис Трајнов и Маргица Антевска-вели фронтменот на групата Нино Величковски.
Концертот е ќе трае два часа, а закажан е во 19.30 часот. Покровител на манифестацијата е градоначалникот и Советот на Општината Куманово.