Мени

Кумановски Тамбураши одржаа одличен концерт

14.12.2010 10:50 | KumanovoNews

 Кумановските тамбураши и Нино синоќа одржаа одличен годишен концерт во Младинскиот културен центар во Куманово.

Кумановски Тамбураши одржаа одличен концерт

Два часа публиката уживаше во убавата тамбурашка музока и песна и македонски изворни песни, проткаени со звуците на тамбурата. Присутните не ги штедеа  дланките и ги наградија со голем аплауз.

 Иако беше најавено гостувањето на оперскиот пејач Борис Трајанов, тој не се појави на концертот поради здравствени причини. Гостин беше фолк-пејачот Миле Кузмановски и Маргица Антевска кои испејаа по три песни.  

По завршувањето на концертот дружењето продолжи во ресторанот Баба Цана. Задоволни од концертот до 1 часот по полноќ, тамбурашите направија одлична журка не само за нивните пријатели, туку и за сите гости кои беа присутни во кафеаната.