Мени

Најдобра селебрити задница во 2010 година

18.12.2010 12:14 | KumanovoNews

Британскиот лист Сан ја објавил листата на најдобри задници во 2010 година кои ја креирале самите читатели во онлајн анкета. Листата донела неколку изненадувања.

Најдобра селебрити задница во 2010 година

Џенифер Лопез ја изгубила својата титула, која гордо ја носеше и се нашла на второ место. Првото место го завзела Ким Кардашиан и сега нејзинот газе се смета за кралица на сите задници.

Жената со големи атрибути која неодамна изјавила дека посакува помали гради сега коначно добила и службено признание за една од облините, и зад себе ги остави Џеј Ло, Бијонсе, Џесика Бејл и многу други.

Но, листата донесува и уште едно изненадување: на петото место се нашла ни помалку ни повеќе туку Лејди Гага, на која физичката убавина и била често оспорувана а на оваа листа ги надмина Ријана и Шакира.

Ријана го освоила седмото место по нејзините физички атрибути, откако неодамна на своите настапи се појави во ултра сексапилен изглед.

Коко не се нашла на листата што исто така било изненадување.

Еве ја конечната листа по анкетата на магазинот Сан:

  1. Ким Кардашиан
  2. Џеј Ло
  3. Бијонсе
  4. Џесика Бејл
  5. Лади Гага
  6. Шакира
  7. Ријана