16. 02. 2010 13:40

Новата колекција на Викторија Бекам

Новата колекција на Викторија Бекам

На модната недела во Њујорк, Викторија Бекам по четврти пат ја претстави својата нова колекција. Критичарите велат дека „спајсицата“ станува се подобра и подобра.

Сопругата на Дејвид Бекам се претстави со разновидни фустани до колена, мини здолништа, а сите женствени и секси онака како што и самата би сакала да изгледа.

Можеби токму поради тоа за презентацијата на своите колекции имаше одберено модели кои всушност се нејзини клонови. Сите модели на пистата беа премногу слаби, со кратка или крената коса и големи очила за сонце, како што Викторија во последниве години се појавува во јавноста.

И тоа беше нејзиниот и чевлите се во нејзин стил високи, но навистина високи потпетици и платформи, а идентични со бојата на фустаните. Значи сите комбинации идеални за црвениот тепих за престојниот „Оскар“

Фустани најчесто се еднобојни, го откриваат рамото, ногата или грбот но умерено. Асиметрија која е актуелна и од минатата сезона е присутна и во новата колекција на Викторија Бекам, а на облеката и дава еден интересен, но не и претенциозен изглед. Боите кои доминираат се црна, црвена, сива, боја на песокот и неколку нијанси на сина боја.

„Ова е опуштена колекција, поудобна и нежна од претходната“, изјави Викторија Бекам, на модната ревија во Њујорк.

Таа со нејзините креации всушност покажа колку нејзиниот личен стил еволуирал. Светските  медиуми  позитивно ја оценија  новата колекција на Викторија Бекам. „Конечно почнаа сериозно да ме разбираат како моден дизајнер.“

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk