01. 02. 2010 16:24

Парис Хилтон подготвена за брак

Парис Хилтон подготвена за брак

Американската старлета Парис Хилтон и нејзиното момче Даг Рајнхарт, навестуваат дека се подготвени за брак, објави списанието „ОК“!

„Мислам дека ќе видите што ќе се случи оваа година“ изјавил Даг во врска со шпекулациите на новинарите, дека тој и Парис ќе се венчаат пред нејзината помлада сестра Ники.

Двојката, која е заедно од почетокот на мината година, а во меѓувреме се оставаше и миреше, најавува дека имаат големи планови за Денот на вљубените на 14 февруари.

Ќе заминема во Бразил за Денот на вљубените, на карневал, а јас имам во план неколку изненадувања, обелоденил Даг, кој игра безбол и работи на телевизија.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk