Промоција на албумот на Sound Pollution во Скопје
25.02.2011 15:54
| KumanovoNews
Кумановското трио Sound Pollution утре вечер ќе го промовира првиот албум „Does Anyone Know The Answer„, што излезе во октомври минатата година.

Промоцијата ќе биде во локалот Ла Кања со почеток во 22.00 часот, а гости на концертот е скопскиот бенд A Venus Fly Trap.
Sound Pollution е трио од Куманово, кое егзистира скоро 5 години на кумановската рокенрол сцена, а составено од луѓе кои предходно имаат искуство на истата. После неколку промени во составот на бендот, минатата пролет го снимаат албум.
Албумот е прво издание на здружението КРАН од Куманово.