Мени

Шакира во реклама за шампањско

25.11.2010 11:11 | KumanovoNews

 Секси пејачаката спотот го снима во Барселона, а ќе запее на снег во раскошна комбинација како од бајка со златна боја.

Шакира во реклама за шампањско

 Колумбиската пејачка Шакира снима божиќна реклама за едно пенливо вино.

Секси пејачаката спотот го снима во Барселона, а ќе запее на снег во раскошна комбинација како од бајка со златна боја. Стајлингот од снимањето е доволно свечен и за кралски бал.

Шакира заработката од снимањето ќе ја потроши во добротворни цели. Преку својата фондација, заработените 500 илјади евра ќе ги вложи во изградба на две училишта, едното на Хаити, а другото во Колумбија.

„Правото на образование се стекнува со самото раѓање, а квалитетното образование е единствената алатка со кое детето може своите соништа да ги претвори во стварност“, изјавила Шакира.