Мени

Се појави нов хороскопски знак

14.01.2011 15:08 | KumanovoNews

Нов тринаести хороскопски знак е сместен помеѓу Шкорпија и Стрелец. Ако сте родени помеѓу 29. ноември и 17. декември тогаш сте - Змијоносец.

Се појави нов хороскопски знак

Доколку секој ден фрлите око на хороскоп во весниците, сега треба да се запрашате дали ја читате соодветната рубрика.

Според астрономот Парке Канкл, новата положба на планетите и соѕвездијата од времето на зачетокот на астрологијата е битно променет. Бидејки системот од 12 знака датира уште пред 3000 години, Канкл вели дека ова треба да се земе во обзир и да се воведе 13.знак Змијоносец(Ophiuchus) и да се вметне помеѓу Шкорпија и Стрелец.

Бидејки оваа воведување ќе го поремети целиот систем, проверете што сте во хороскоп

  • Јарец: 20.јануари - 16.февруари
  • Водолија: 15.февруари - 11.март
  • Риба: 11.март - 18.април
  • Овен: 18.април - 13.мај
  • Бик: 13.мај - 21.јуни
  • Близнаци: 21.јуни - 20.јули
  • Рак:20.јули - 10 август
  • Лав:10.август - 16.септември
  • Девица: 16.септември-30.октомври
  • Вага: 30.октомври - 23.ноември
  • Шкорпија: 23.ноември - 29.ноември
  • Змијоносец: 29.ноември - 17.декември
  • Стрелец 17.декември - 20.јануари