Современа верзија на филмот Телохранител
Студиото Ворнер објави дека се припрема новата верзија на познатиот романтичен трилер „Телохранител“ во кој главните улоги беа Кевин Костнер и Витни Хјустон.

Во оргиналната верзија од филмот, агентот на тајната служба добива задача да ја штити пејачката која ја игра Витни Хјустон, а работејки на својата задача, телохранителот се заљубува во својата клиентка.
Популарниот филм беше прикажан 1992 година и веднаш стана глобален хит со заработка од 411 милиони долари.
Во новата верзија од овој филм ќе има слична љубовна приказна, со мала измена дека телохранителот е поранешен ветеран од војната во Ирак, а заштита на пејачката му е прва задача одкако е одпуштен од војската.
„Телохранителот“ ќе открие дека светот на „Твитер“, мапата на Гугл и другите разни сајтови кои ги следат животите на славните ја прават нивната професија потешка него некогаш.