Тајсон доби осмо дете
26.01.2011 15:48
| KumanovoNews
Мајк Тајсон стана татко по осми пат. Поранешниот боксерски шампион и неговата дванаесет години помлада сопруга Лакиха вчера добија машко дете.

Тајсон и Лакиха имаат уште двегодишна ќерка Милан, а Мајк од предходните врски има уште 5 деца.
Инаку Тајсон во трагична несреќа ја загуби четиригодишната ќерка Егзодус.