×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Насер Зибери е (не)партиски кандидат за премиер?

    29.06.2020 20:53 | KumanovoNews

    Пишува: Шефкије Аласани

    Рецензираната вест е објавена на порталот „Инфомагазин“ со наслов: Што се случува со ДУИ, внукот кандидат за пратеник, а чичкото кандидат за премиер!

    Насер Зибери е (не)партиски кандидат за премиер?

    Освен непрофесионалниот наслов, и содржината на написот не ги исполнува новинарските стандарди. Во првиот пасус пишува дека кандидатот за премиер од страна на Демократската Унија за Интеграција, Насер Зибери, се промовираше како непартиски и како човек надвор од ДУИ, сè со цел оваа партија да придобие од нивната пропаганда за првиот премиер албанец.

    Но, всушност, Зибери воопшто не е непартиски кандидат. Тој и неговото семејство со години користеле бенефиции за време на владеењето на ДУИ. Според неименуваниот автор на овој текст, гореспоменатата констатација ја потврдува фактот што Арбен Зибери, поранешен директор на Центарот за јавно здравје, е внук на Насер Зибери. Од своите коментари, кои авторот ги реди во текстот, самиот доаѓа до заклучок дека „Насер Зибери е партиска структура на Ахмети и ДУИ и не може да ги претставува албанците како ништо друго освен како нивен член“. Целата оваа констатација не е поткрепена со ниту еден факт и ниту еден извор.

    Според основните начела на Етичкиот кодекс на новинарите: 

    Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.

    Новинарот има за задача да пренесува информации од јавен интерес, истовремено придржувајќи се на професионалните стандарди, а не да изнесува лични мислења кои не се засновани врз конкретни факти. Новинарот ја пренесува информацијата, но не носи заклучоци за одредено прашање.