Мени

Промоција на филмот „Мојот син“ утре во Занаетчискиот дом

24.11.2026 09:36 | KumanovoNews

Во Занаетчискиот дом во Куманово утре, среда,  ќе се одржи промоција на документарниот филм „Мојот син“, на кумановецот Маријан Стевановски.

Промоција на филмот „Мојот син“ утре во Занаетчискиот дом

Филмот е посветен на животот и делото на музичарот Филип Стевановски, синот на авторот, кој го загуби животот во пожарот во дискотеката во Кочани.

„Мојот син“ е прогласен за најдобар филм на Интернационалниот фестивал на аматерски и документарен филм во Битола, каде што ја освои Гран при наградата „Камера 300“, како и плакетата „Милтон Манаки“.

„Постојат филмови што се гледаат, но постојат и филмови што оставаат трага во срцето. Ве покануваме на проекцијата на документарниот филм „Мојот син“ – филмско остварување зад кое стојат огромна љубов, посветеност, креативност и љубов кон уметноста“, напиша авторот Стевановски.

Текстот, сценариото, режијата и монтажата се дело на Стевановски, додека нарацијата е на актерот Илија Волчески.

Филип Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистер по џез науки и директор на Центарот за култура во Штип. Беше и уметнички директор на Кумановскиот џез фестивал.

Проекцијата е закажана за утре во 20 часот.