Бронзен медал за пинпонгарите на Куманово на Државно првенство во Битола
23.11.2026 13:27
| KumanovoNews
Пингпонгарите Андреј Васевски и Јаков Јакимовски од ПК „Куманово“, освоија трето место на Државното поединечно првенството за играчи до 21 година, кој викендов се одржа во Битола.
„Освоеното трето место во игра на двојки е реален и објективен резултат во овој момент. Инаку во поединечна конкуренција, моите ученици ја поминаа групната фаза и се пласираа во елиминацискиот дел од оваа првенството. Јакимовски загуби од овогодишниот државен првак, а, пак, Васевски избори пласман во осумте најдобри на оваа првенството, што му овозможи учество на топ 8 за играчи до 21 година“, истакна тренерот Мики Трендафиловски.