Жителите на Крива Паланка излегоа на протeст, бараат итно решавање на проблемот со напуштените крави
Жителите од Крива Паланка и околните села денеска протестираа барајќи итно постапување на надлежните институции и трајно решавање на проблемот со напуштениот добиток, кој секојдневно им прави штети и им ја загрзува безбедноста.
Под мотото „За безбедност, за заштита на имот и за спроведување на законот“, граѓаните побараа спроведување на решенијата за одземање на околу 1.000 крави кои неконтролирано шетаат низ градот.
Градоначалникот Сашко Митовски, кажа дека жителите веќе го изгубиле трпението, и ги повика надлежните институции да излезат на терен и да го спроведат законот.
„Дојде ножот до коска. Ова е колективана казна за цела Крива Паланка. Доделете и законска надлежноста на Општината, и за помалку од 10 дена ќе имаме трајно решение на проблемот. Ако надлежните повторно го одложат решението ќе продолжиме со радикални форми на протестот. Овој пат нема откажување се додека и последното грло добиток не биде изнесено од градот“, кажа градоначалникот пред присутните.
Поддршка за граѓаните изразија и пратениците Љупчо Николовски од СДСМ и Борислав Крмов од Левица.
За време на протестот дошло до туркање меѓу дел од присутните и полицијата.