Мени

Се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката, истурил две шишиња бензин во домот

21.11.2026 11:32 | KumanovoNews

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 54-годишен маж осомничен за загрозување на сигурноста, откако се заканувал дека ќе ги запали својата ќерка и внука, а во семејниот дом истурил и две шишиња бензин.

Се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката, истурил две шишиња бензин во домот

По кривична пријава од СВР Куманово, поведена е постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик и предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор.

„Веќе се преземаат дејствија за обезбедување на доказите, особено имајќи предвид дека насилничкото однесување на осомничениот 54-годишник се повторува. Против него веќе е поднесено едно обвинение за телесна повреда на неговата ќерка при вршење семејно насилство под дејство на алкохол, кое е во фаза на судење. Дејствијата на загрозување на сигурноста што сега ги презел вклучуваат не само вербални закани дека ќе ги запали ќерката и внуката, туку и конкретни дејствија со кои тој истурил две шишиња бензин во домот“, велат од ОЈО.

Како што информираат, по пријавата на настанот била итно изготвена проценка на ризик која укажувала на сериозна опасност по животот и физичкиот и психичкиот интегритет на жртвата и членовите на нејзиното семејство и на ризик од повторување на насилството.

„Овие проценки упатуваат на оправдан страв дека осомничениот би можел не само да ги повтори до сега сторените дела, туку дека би можел да стори и потешко дело, односно да го стори делото со кое се заканува. Поради ваквите околности јавниот обвинител оцени дека во конкретниот случај целта на притворот не би можела да се оствари со некоја друга поблага мерка и предложи најстрога мерка за обезбедување присуство, соопшти ОЈО Куманово.