Во камион без регистарски таблички шверцувале огревно дрво во Матејче
23.11.2026 12:57
| KumanovoNews
Товарно моторно возило без регистарски таблички, натоварено со огревно дрво без шумски печат, било пронајдено во селото Матејче, општина Липково.
Случајот бил пријавен вчера околу 11:50 часот во Полициското одделение Матејче, по што полициските службеници извршиле проверки и го пронашле возилото со дрвата. Возачот, во меѓувреме, го напуштил местото, оставајќи го возилото.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување на случајот.
(Фото. МВР)