Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пишува: Билјана Т. Димко
На 11 јули 2020 на порталот „Курир“ е објавен прилогот со наслов: „Не му е сеедно“- Димитров уплашен и на висок тон држи изборен митинг, социјалните мрежи со стотици коментари.
Насловот е пристрасен: „не му е сеедно… уплашен и на висок тон држи изборен митинг“, и има за цел да ѝ сервира на јавноста како да го процесира говорот на Димитров. Овде авторот на овој прилог требало да се потсети на една максима: „Одговарам за тоа што јас ќе го кажам, а не за она што ти ќе го разбереш“, па би требало да се огради од сензационализми.
Под текстот се објавени две видеа, преземени од социјалните мрежи Твитер и Фејсбук, каде говорот на Никола Димитров е нецелосен, а и во самиот текст стои:
Имено на социјалните мрежи веќе се монтираат и видео клипови од говорот на Димитров на кого според коментарите на интернет не му е сеедно да се соочи со изборните резултати кои го очекуваат во среда на 15 јули, погледнете.
На официјалната Фејсбук страница на Никола Димитров на 11 јули 2020 е објавен целиот говор од 1 минута и 20 секунди, а не од 12 секунди. Јавноста има можност да го проследи во целост и да си донесе сопствен суд за тоа со каква емоција Димитров говори на митингот.