×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Редовна интерна комуникација од април, преставена како предизборни притисоци од инспектори на ДИЗ

    09.07.2020 06:24 | KumanovoNews

    Пишува Ване Трајков

    Објавената информација со наслов ,, Дали ДИЗ функционира како партиска испостава на СДСМ: По директни усни наредби на активисти на СДСМ се казнуваат откупувачи !’’  обвинува за функционирањето на Државниот инспекторат за земјоделие и погрешно ја толкува интерната коресподенција во ова институција насочена кон планот и програмата за работа со тековна динамика.

    Редовна интерна комуникација од април, преставена како предизборни притисоци од инспектори на ДИЗ

    Паралелно се користат и низа констатации во обид да наметне мислење кај читателите,  дека инспекторите работата по налог на Зоран Заев и СДСМ без да приложи соодветни докази, изјави или ставови, посебно од именуваните тројца инспектори. Инспекторите во делокругот на своите работни задолженија имаат и овластување да казнуваат.

    Во информацијата се прави обид за анализа на кариерите и имотната состојба на тројца инспектори од Државниот земјоделски инспекторат.

    ,,Спрегата Ненад Бошев, Мијалчо Ласков и Силвана Трбогазова, обелоденета со документи, инаку истата спрега здраво одработува за СДСМ во ова предизборие. Ова тројство по директен налог на Зоран Заев и Зоран Шапуриќ во ова предизборие со директно прекршување на низа закони има казнето неколку откупни пунктови во Струмица. За ова МВР и ЈО веќе имаат покренато постапки’’ наведува во информацијата авторот без да го аргументира пишаното во најмала рака од одговорните институции.

    Во текстот, за да биде поуверливо напишаното, се нудат принт скринови од интерна комуникација во инспекторатот за координација на инспекторите за контроли на откупните пунктиви во април кога земјоделците реагираа за манипулации со откупните цени.  Во првиот принт скрин- обичен мејл во кој се даваат насоки за контрола на откупните пунктови а во вториот принт скрин –дел од извештај  дека на 16.04 по работен налог е извршена контрола.

    Со вака објавената информација направен е обид да се  ,,протне’’ во јавноста мислење дека инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство предизборно прават притисоци кај откупувачите. Освен тоа со изнесените констатации се обидува да ги дискредитира инспектори чија основна цел е да вршат контрола дали се почитуваат законите во одредена област.