×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Текст кој можел да го напише било кој, доказ за партиско вработување?

    09.07.2020 06:22 | KumanovoNews

    Пишува Билјана Димко

    Написот „Дали во Битола се тргува со работни места за гласови?“се темели на текст односно список од непознат автор. Главната проблематичност на овој документ е во тоа што не е веродостоен.

    Текст кој можел да го напише било кој, доказ за партиско вработување?

    Овој текст ја има за извор цитирано објавата на Твитер од Битолски сеир, каде е објавена фотографија којашто содржи текст каде пишува дека актуелната министерка за одбрана и носителка на листа во ИЕ5 , Радмила Шекеринска на 5 јули треба да оствари средба заедно со Соња Карапец, Синиша Матевски и Ице Дамјановски со наводно гласачи на СДСМ кои не се вработени и бараат СДСМ да ги вработи.

    Меѓутоа, не е направен обид да се исконтактираат посочените лица и да се добијат изјави. Тоа би можел да биде еден од начините на кои ќе се потврдат или негираат наводите.

    Наспроти она што се тврди, во самиот документ нема никакво обележје, симбол од партијата СДСМ, некаков печат, потпис што би укажувало дека е навистина партиски документ. Овој текст, како ваков, може да го напише секој и како таков да излезе во јавноста, но не докажува ништо. Покрај тоа, во текстот има и многу правописни грешки. 

    Оттука, сосема е можно да станува збор за шпекулација, меѓутоа доколку е тоа така, тогаш во наводите тоа треба да се напомене, како што налага Кодексот на новинари.