×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Текстови што тенденциозно коментираат во насловите

    23.06.2020 10:02 | KumanovoNews

    Пишува: Билјана Т. Димко

    На порталот „Денешен“ на 22.06.2020 објавен е текст со наслов „НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ГО ПЛЕСКАЊЕТО ЗА ФИЛИПЧЕ: Девет починати, 90 позитивни од 665 тестови во последните 24 часа“.

    Текстови што тенденциозно коментираат во насловите

    Текстот всушност е преземена информација со дневната статистика на Министерството за здравство со бројките на заболени, оздравени и починати лица во едно деноноќие.

    Потенцирајќи го бројот на починатите и новозаразените во псоледните 24 часа, тестот во насловот само додава ироничен коментар „не заборавајте го плескањето за Филипче“, како алузија на поддршката што граѓаните им ја даваа(т) на министерот за здравство Венко Филипче и сите здравствени работници.

    Слично како текстот во „Денешен“, изминативе два-три дена и други портали објавија текстови со речиси истата „методологија“: се пласира статистиката на новозаболени, починати и оздравени, а во насловите се пласираат негативни коментари за состојбите во здравството.

    Тие коментари во насловите сугерираат дека македонското здравство доживеало дебакл, колапс или пораз.

    Министерот за здравство Венко Филипче пред неколку дена изјави дека веќе четири месеци здравствените работници непрекинато работат и дека дел од нив се веќе уморни. Истакна и дека иако бројот на инфектолози е мал, здравствениот систем соодветно и професионално одговора на предизвикот и истакна дека мобилизација и ротација на здравствените работници во ваков обем немало никогаш ниту во нашата земја ниту во светот.

    Целосно го мобилизиравме здравствениот систем, здравствените работници, од сите јавно-здравствени установи, а по потреба и од приватните заради што веќе разговараме со приватните болници. Ваква ситуација на мобилизација, на ротација на кадар немало никогаш во нашата земја, рече Филипче.

    Кодексот на новинарите на Македонија налага почитување на начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки… и тој мора да биде ослободен од сензационализми.