×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Оние чии муцки треба да се затнати – најгласно викаат (Дерала)

    Владимир Трајковски

    Прашањето, како стасавме до овде, е од најстарите. Меѓутоа станува актуелно секој пат кога македонскиот општествен живот ќе тресне од ново дно. Значи прашањево е актуелно, често. Последната актуелизација ја направија контра-протестантите од пред зградата во која треба да има Уставен суд. Не им се допадна префиксот контра. Според изјавата на нивниот организатор тие беа таму за да им овозможат на судиите да работат слободно. Широко образованиот планинец тоа го кажа, секако, без да прсне од смеа. Да имаше статистика во политиката, појавувањето на овие луѓе сигурно дека ќе срушеше некој рекорд. Целата работа беше заокружена со изјавата на една од контра-протестантките која ни кажа дека е таму за да спречи во иднина педофили да можат да бидат помилувани. Нормално! Не се они будали да протестираат во корист на можноста за такви помилувања.

    Проблемот со оваа изјава, која стои рамо до рамо со изјавата на уште една контра-протестантка од пред Собранието во 2013 година, дека таа е тука за да падне СДСМ и ВМРО да дојде на власт, е тоа што глупавоста на ова ниво, на крајот на денот, на крајот на некој ден, ќе мора да се плати. Проблемот за нас другите е што цената за ова никогаш не се плаќа индивидуално.

    По последниот контра-протест би сакал јавно да ги прашам контра-протестантите: има ли протест на кој нема да отидете? Дали можете хипотетички да кажете дека постои некоја ситуација и некоја страна во истата, за која со сигурност можете да кажете дека нема да се залагате? Има ли кауза која може доволно да ве навреди, за да останете дома дури и кога имате наредба од работа или по смс, да излезете на протест? Ако нема, време е да знаеме.

    Луѓево, контра-протестантите, демо-христијаните, неговиот народ, се оние од насловот. Што најгласно викаат, кога всушност би требало да си ги затворат муцките.

    Дали можете да се присетите кога последен пат е употребена, едно време ударната фраза за „сечени, лепени и монтирани“. Затоа што откажувањето од неа е откажување од негирањето на веродостојноста на разговорите кои беа објавени. Откажувањето е всушност дуплирано со законот за забрана за објавување на нови разговори, момент од Пржинската ера кој им беше толку важен што се обидоа јурисдикцијата на Собранието да ја прошират на странска територија.

    Во продолжение можеме да констатираме, очигледно со консензус, дека провизиите, нарачаните пресуди, ендеците, скршените штабови, нарачаните шамари, запалените кафани, човечињата и индијанците се токму она за што од првиот момент ги сметавме, ГОЛА ВИСТИНА. Вистината им е достапна и на контра-протестантите, сега и без провидното „пиши нешто, да не значи ништо“ негирање. Нивната улога на митингашка логистика на криминалното здружение, исто така им е позната. Сега силно викаат за да го покријат стравот од губењето на ситните привилегии, од губењето на трошките собрани од под братучедската трпеза.

    Нивната омилена теза дека политичката криза е диригирана од надвор е прифатлива, затоа што ако нашето дознавање на сите нивни гадости мораше да се случи со асистенција од надвор, тоа го сметам како одраз на длабоко и искрено пријателство.

    Изборното реализирање на целава ситуација во корист на македонската политичка, но пред се граѓанска опозиција отвара простор за делување против мајоризацијата од „народот“, користа од што повеќекратно ќе го надмине овој изборен циклус и ќе даде смисла на деценискава сага. Целиот процес е толку многу тежок затоа што драстично е разнишана довербата на просечниот граѓанин дека системот по својата основна оска функционира барем елементарно и дека по стариот рецепт може да се дојде до промени.

    Гаранциите кои политичката опозиција мора да ги даде на граѓанската, не можат да бидат голи. Чесниот збор нема да заврши работа. Развластувањето на извршната власт мора да почне уште пред новата извршна власт да стане тоа. На долг рок мора систематски да биде сменет односот на електоратот кон избраните функционери. Со давањето глас не треба да биде давана и комплетната, безусловна доверба, како капар во потрагата на нов татко на нацијата. Всушност за да нацијата стане тоа, во полн капацитет, мора да ги надмине овие шарени, популистички лаги и нејзините припадници конечно, конечно да се конституираат во индивидуални граѓани и да почнат постојано да настапуваат кон политичарите за кои гласале со здрава доза на недоверба.  

    Владимир Трајковски, Владимир Трајковски, член на СДСМ 

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*