Зоран Маневски од НСПД е нов заменик-министер за Министерството за економија. Тој е избран на функцијата синоќа заедно со останатите замениците-министри во Владата на Република Северна Македонија, предложени од премиерот Димитар Ковачевски.
Во однос на доизградбата на железничките делници на Коридорот 8, сакам да ја потенцирам политичката определба на оваа Влада, но и заедничката посветеност на Македонија, Бугарија и Албанија, преку потишаните Меморандуми за...
Сертификатот за прележан ковид-19 наместо 45 да трае 180 дена, предлага Комисијата за заразни болести. Одлуката е донесена на денешната седница на Комисијата и ќе биде доставена до Владата.
Денеска во Основниот Кривичен суд во Скопје беше објавена пресудата со која се ослободуваат од обвинение новинарите Мери Јордановска и Предраг Петровиќ од „А1он“. Оваа пресуда следи по претходно доставената приватна тужба...
Не е постигнат договор за минимална плата од 18.000 денари на денешната седница на Економско-социјалниот совет. Иако од Владата и Министерството за труд и социјална политика велат дека социјалниот дијалог е отворен,...
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и претставници на Организацијата на работодавачи, денеска одржаа прва работна средба на која главна тема беше барањето на синдикалците за зголемување на минималната плата...
Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Република Северна Македонија.
Утре започнува етапната исплата на јануарски пензии, зголемени за 2,9 % по основ на усогласување со порастот на трошоците за живот, соопштува Министерството за труд и социјална политика.
Главниот координативен кризен штаб за справување со ковид-19 на синоќашната седница ја усвои препораката за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР ковид тест од 10 на 7 дена.
Работниците кои работат во недела мора да добијат најмалку 50 отсто повисока дневница, порача премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета на фабриката „Дура Аутомотив Системс“, лоцирана во ТИРЗ 2 зоната, која заради...
Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2021 година, во споредба со ноември 2021 година, е зголемен за 0.5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Владата во текот на месецот ќе го распише огласот за домаќинства со ниски приходи да добиваат намалени сметки за струја од 600 до 800 денари. За оваа намена од буџетот на Владата...