Мени

Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар по литар

21.09.2026 16:36 | KumanovoNews

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) одлучи од полноќ  дизелот да поскапи за 5,5 денари по литар, а цената на бензините да се намали за 1,5 денари.

Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар по литар

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 104,5 денари за литар. Цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95  ќе биде 99 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 101 денар. 

Екстра лесното масло за горење (ЕЛ1) поевтинува за 7 денари за литар и ќе се продава за 102,5 денари, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,835 денари по килограм и ќе изнесува 50,078 денари.