Мени

Полициска акција во Куманово за изнуда и перење пари

05.11.2026 12:28 | KumanovoNews

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, од утринава вршат претреси во координација со надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), во врска со сомневања за кривични дела „изнуда“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „несовесно работење во службата“, информираат од МВР.

Полициска акција во Куманово за изнуда и перење пари

Акцијата ја потврдија и од ОЈО ГОКК, од каде соопштуваат дека се вршат повеќе претреси со цел обезбедување докази.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција координира дејствија на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР. Врз основа на наредби обезбедени од надлежното јавно обвинителство се вршат повеќе претреси за обезбедување докази во врска со кривични дела „изнуда“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „несовесно работење во службата“. По целосно завршување на акцијата соодветно ќе ја известиме јавноста“, информираат од Обвинителството.