Изгаснат е пожарот на „Краста“
Пожарот што утринава околу 5 часот избувна на депонијата „Краста“ е изгаснат околу 9:30 часот, информираат од ЈП „Чистота и зеленило“.
Според претпријатието, пожарот бил предизвикан од палење на подземните гасови, по што се проширил на јужната страна од депонијата.
„Нашите екипи интервенираа и пожарот беше изгаснат. Сега ситуацијата е под контрола, нема ниту пламен ниту чад. Сепак, состојбата е непредвидлива и никогаш не знаеме кога повторно може да се појави пожар. Високите температури и јужниот ветер придонесуваат за палење на метанот“, изјави директорот Сашо Тошиќ.
Тој додава дека екипите на претпријатието континуирано работат на терен со цел да се санираат последиците од пожарите што во изминатите месеци зачестено се појавуваат на депонијата „Краста“.