Изгореле прагови кај железничката пруга во Черкези
21.09.2026 13:21
| KumanovoNews
Вчера попладне избувнал пожар во близина на железничката пруга во селото Черкези, кумановско, при што изгореле осум железнички прагови.
Како што информираат од СВР Куманово, пожарот бил пријавен во 17:15 часот. Интервенирала Територијалната противпожарна единица Куманово, која го локализирала и изгаснала пожарот.
Во пожарот нема повредени лица.
Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
(фото. архива)