Мени

Куманово славеше против Кожув – Стевановиќ блесна со 30 поени

30.03.2026 10:42 | KumanovoNews

Кошаркарите на МКК Куманово остварија нова победа во првенството, совладувајќи го тимот на Кожув со 89:82 на домашен терен.

Куманово славеше против Кожув – Стевановиќ блесна со 30 поени

Натпреварот беше изедначен во првото полувреме, но кумановци клучната разлика ја направија во вториот дел, каде постепено ја презедоа контролата и ја задржаа до самиот крај.

Најефикасен во редовите на Куманово беше Андреј Стевановиќ, кој одигра одличен натпревар и постигна 30 поени, дополнети со 10 скока, со што беше најзаслужен за победата. Значаен придонес даде и  Димитриевски со 18 поени, додека Урош Луковиќ додаде 17 поени и беше сигурен во рекетот.

Кај гостинскиот состав, најрасположен беше  Боуен со 20 поени, додека Николас постигна 18 поени.

Со оваа победа МКК останува во игра за место помеѓу најдобрите шест екипи. ТФТ и МЗТ Скопје со скор 19-2 и Пелистер со 14-7 се сигурни патници во следната рунда. Маџари и Кожув имаат скор од 11-10, додека МКК Куманово, Тиквеш и Чаир со скор од 10-11 се помеѓу шесттото и осмото место. 

Во последното коло ќе се знае конечната разврска, а МКК Куманово му гостува на тимот на Работнички.