Нови 9 заболени од коронавирус во Куманово
19.04.2020 11:37
| KumanovoNews
Регистрирани се 15 излекувани пациенти, 6 од болничко лекување и 9 кои се се лекуваа во домашни услови. Потврдени се нови 37 случаи на коронавирус во земјава.
По градови :
- Скопје 8
- Куманово 9
- Прилеп 5
- Тетово 3
- Велес 3
- Охрид 8
- Кочани 1
Починаа двајца пациенти позитивни на КОВИД-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ пациент од Штип на возраст од 83 години, и двајцата со претходни коморбидитети.
Во изминатото деноноќие направени се 314 теста, а вкупно досега 11870 тестирања на коронавирусот.