Шеесет и шестгодишен кумановец почина од западнонилска треска
Шеесет и шестгодишен кумановец кој бил со коморбидитети почина по компликации од западнонилска треска.
Директорот на Инфективната клиника во Скопје, д-р Фадил Цана, кажа дека пациентот на Клиниката бил хоспитализиран пред 28 дена со тешка клиничка слика и бил ставен на механичка вентилација.
Досега починале 9 лица од вирусот на западнонилска треска.
Д-р Цана кажа дека биле хоспитализирани 66 пациенти, сега во моментов 11 се на Инфективна, од кои едно лице е со потешка клиничка слика.
„Последен прием на лице со западнонилска треска на Инфективната клиника е од 19 септември“, кажа Цана.
Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно со 15 септември во Македонија се регистрирани вкупно 65 заболени од западнонилска треска.