Жител на Брест вршел превоз на огревни дрва без лиценца
21.01.2020 20:18
| KumanovoNews
СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.А.(48) од с.Брест, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.
Пријавениот, во повеќе наврати во текот на 2017 година, на различни дестинации, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе, со товарно возило „мерцедес“, сопственост на Е.А., вршел јавен превоз на огревни дрва во различни количини, без притоа да поседува лиценца за јавен превоз издадена од надлежен орган.

