Коњот Пикасо и магаренцето Марга - главна атракција на новогодишниот базар во Крива Паланка (видео) Коњот Пикасо и магаренцето Марга се главна атракција на новогодишниот базар на Градскиот плоштад во Крива Паланка.
Прегазен пешак на крстосницата на „11 Октомври“ и „Србо Томовиќ“ Повозрасен кумановец вчера поплaдне е повреден на на крстосница од ул.„11 Октомври“ и ул.„Србо Томовиќ“, кога во него удрил автомобил.
Сообраќајот и водоснабдувањето – најчести граѓански приоритети на локално ниво Средени улици, редовно водоснабдување, тротоари без возила. Населени места без улични кучиња и со осветлени улици. Повеќе градско зеленило, пешачки и велосипедски патеки, доволно паркинзи, а помалку расфрлeн отпад и преполни контејнери.
Коледарите ги започнаа подготовките за Бадник, набраа дабови гранчиња во Колитско Здружението на граѓани „Коледари“ од Куманово ги започнаа подготовките за прославата на Бадник.
Општинската каса за следната година ќе тежи 35 милиони евра Општина Куманово планира да потроши 2.613.396.822, 00 денари или 35 милиони евра во 2024 година, за тековното работење за капитални проекти. Предлог буџетот утре ќе се најде на усвојување пред советниците.
Горивата поскапуваат од денар до денар и половина Од вечерва на полноќ горивата ќе се продаваат по повисоки цени за денар до денар и половина, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,53 насто.
На Куманово му недостасуваат пет медицински екипи за брза помош Пет екипи на итна медицинска помош недостигаат во Куманово по законски пропишаниот минимум на тимови во зависност од бројот на жители, објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).
Донесување на буџетот за 2024 година утре на седница на Совет Советот на Општина Куманово утре ќе ја одржи последната седница за оваа година. На дневен ред се 53 точки, а најзначајна е донесувањето за буџетот за 2024 година.
Нападнат и ограбен таксист во Куманово Приведени се двајца кумановци кои нападнале и ограбиле таксист во Куманово.
Повреден пешак на раскрсницата на улиците „Железничка“ и „Индустриска“ Повозрасен жител на липковското село Гошинце, синоќа бил повреден на раскрсницата на улиците „Железничка“ и „Индустриска“ во Куманово.
Пратеничката Лидија Тасевска одликувана со орденот витез на Националниот ред за заслуги на Франција Пратеничката Лидија Тасевска од Куманово, одликувана е со орденот витез на Националниот ред за заслуги на Франција од страна на претседателот на Франција, Емануел Макрон, за нејзиниот значаен придонес во развојот на односите меѓу двете земји.
Бездомник од Скопје најден премрзнат и мокар на улица во Куманово Гари Абдуш (34) од скопската населба Шуто Оризари, вчера во 14.10 часот бил пронајден премрзнат и мокар како лежи на улицата 11 Октомври во Куманово.
Хуманитарен базар за помош на болно другарче организираа учениците и нaставниците од „11 Октомври“ Новогодишни украси, честитки и колачиња, кои беа рачно изработени од учениците, наставниците, родителите и останатите вработени во ООУ „11 Октомври“, денеска можеа да ги купат посетителите на новогодишниот базар кој се одржа во ТЦ Сума. Средствата ќе се искористат во хуманитарни цели.
Дедо Мраз на мотор во хуманитарна мисија во Куманово(видео) На платото пред Центарот за култура, денеска напладне пристигна „Дедо Мраз на мотор“ - хуманитарна акција која традиционално ја организираат членовите на мото клубот „Мечки“ од Куманово.
„Спона“ организира хуманитарна акција за новогодишни пакетчиња Културно-информативниот центар на Србите во Македонији - „Спона“, организира хуманитарна акција „Подари радост“, за донирање на новогодишни пакетчиња за децата од социјално ранливите семејства од руралните средини.
„Елида Маркети“ набави вендинг машина од Пакомак и направи значаен исчекор кон селектирањето на отпад во Куманово Компанијата „Елида Маркети“ од Куманово, направи значаен чекор кон промовирање на селектирањето отпад во Куманово, со набавка на вендинг машина од Пакомак. Со тоа им овозможија на граѓаните во Куманово, дополнителна можност за селективно одложување на пластичните шишиња и лименките.