Мотоциклист од Куманово тешко повреден на патот Кичево – Струга А.А.(41) од Куманово бил тешко повреден во сообраќајна незгода што се случила вчера на магистралниот пат Кичево-Струга.
Уште една кражба во Куманово , крадецот приведен Ноќеска, во Куманово се случила уште една кражба за која е осомничен 42-годишен кумановец.
Кумановец крадел од приватен имот Викендов 31-годишен кумановец бил уапсен поради сомнение дека извшил кража на повеќе предмети од приватен имот .
Се одржа шаховски турнир за ученици од основните и средни училишта Во организација на Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција на детско престапништво, синоќа на платото пред Центарот за култура во Куманово се одржа шаховски турнир за учениците од основните и средните училишта.
Усмртен жител на Пчиња на излезот од Скопје, со ауди го удрил 20-годишен возач и побегнал Жител на кумановското село Пчиња, синоќа загинал во сообраќајна несреќа која се случила на автопатот Скопје - Куманово, на излезот од градот.
Пожртвуваноста и хуманоста немаат граници: Спасена дива коза од сигурна смрт (видео и фото) Љубители на животни, хумани луѓе и професионалци уште еднаш докажаа дека хуманоста, пожртвуваноста, љубовта и ентузијазмот не само кон луѓето, туку и кон животните, немаат граници.
Формиран е Книжевен клуб на млади во Куманово Во Куманово е формиран Книжевен клуб на млади ентузијасти вљубеници во литературата и пишаниот збор, кој е отворен за сите млади лица од градот.
На вандалите никој ништо не им може, повторно уништена урбана орема на Градскиот кеј Искршени и превртени клупи, оштетени детски играчки, скршени дрвца, е само дел од штетата што пред два дена е предизвикана на Градскиот кеј и во паркот кај спортската сала во Куманово.
Отстранет уште еден времен објект во центарот на градот, вкупно 15 од почетокот на годината Тргната е од тротоар напуштената трафика на почетокот на улицата „Моша Пијаде“. Отстранувањето е извршено по налог на градежната инспекција, а во согласност годишната програма за отстранување на објекти за кои се издадени решенија.
Куманово ќе добие 1,8 милиони евра од државата за подобрување на водоводната инфраструктура Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ќе додели 1,8 милиони евра на општина Куманово за подобрување на водната инфраструкура. Целиот проект изнесува 50 милиони евра и предвидува изградба на водоснабдителни, канализациони системи, пречистителни станици и набавка на опрема во сите општини во државата .
Го фатиле додека крадел во јавно претпријатие, па нападнал полицаец Инцидентот се случил вчера во 03.40 часот на ул. Фетка Наскова, на локалитет „Водовод“.
Слаткаристика и 2 Бона на годинешниов „Тумбсток“ на Градскиот плоштад во Куманово Повеќе македонски и кумановски групи и пејачи ќе настапат на второто издание на фестивалот „Тумбсток 2023“, кој ќе се одржи следната сабота на Градскиот плоштад во Куманово.
Во итна помош во Куманово фалат амбулантни возила, во Липково медицински екипи Со три амбулатни возила Итната медицинска помош во Куманово опслужува околу 100 илјади жители во општините Куманово и Старо Нагоричане. Липково има своја служба со две амбулантски возила.
Неправедно е да ги израмниме пензионерите со 15 години стаж и оние со 40 години стаж, вели Тренчевска за барањата за зголемување на минималната пензија Mинистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска најави дека минималната пензија од септември ќе биде 13.300 денари, и повтори дека минималната пензија не може да биде 18.000 денари, како што бараат пензионерите кои протестираат.
Се шири гасоводната мрежа на „Народна револуција“ До крајот на месецот треба да заврши поставувањето на гасоводот на улицата „Народна Револуција“, по што ќе започне реконструкција на коловозот и тротоарите
Казнети 19 пешаци за небезбедно минување улица Сообраќајната полиција вчера казни 19 пешаци за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.